Живот
20. October 2015 - 17:46

Страотна несреќа на трка, мотоциклист се заби во ограда

Бразилскиот мотоциклист Жоао Карлос Собреира го загуби животот по страотната несреќа што се случи на трка во Бразил.

32-годишниот Собреира ја загуби контролата врз моторот, излета од кривината и во полна брзина удри во заштитната ограда. На патот до болница се уште давал знаци на живот, но неколку часа подоцно е соопштено дека мотоциклистот им подлегнал на повредите.

Организаторот веднаш не ја запрел трката, па лекарската служба не можела истиот момент да му пружи помош на Собреира. Амбулантната кола чекала да поминат сите мотоциклисти за да му пријде на тешко повредениот Бразилец.