-->
-->
Страотна несреќа: Се урна авион среде прослава, двајца загинати
-->
Две лица загинаа кога двомоторен хидрроавион падна во река во текот на прославата на Денот на Австралија во градот Перт, каде повеќе од 2.000 луѓе се собраа да го гледаат традиционалниот огномет.
Моментот на падот на авионот е забележан на аматерска снимка, пренесува Ројтерс.
-Се приближи премногу стрмно, остро заврти во лево и тоа беше тоа. Левото крило ја зафати водата и авионот падна во вода и се преполови - рече еден од сведоците за австралиската телевизија.
Локалната полиција соопшти дека итната служба на самото место пристигнала во рок од неколку минути, но не можела да го спаси пилотот и патникот од авионот.
Во тек е истрага за причината на несреќата, наведува Ројтерс.
Погледнете го видеото:
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изгаснат пожар во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово
-
Затвореник нападнал и силувал друг затвореник во Идризово
-
Двајца вработени на УНХЦР загинаа во израелските напади врз Либан
-
Полицијата најде младо починато момче во Скопје
-
Владата ги укина лиценците за интернет игри на среќа
-
Министерот Мисајловски во Вашингтон на билатерални одбранбени консултации со САД
-
Мицкоски: Албанскиот јазик не е загрозен, лично го почитувам и тоа го покажуваме со дела
-
Курти: Нападот во Бањска беше терористички чин на агресија против територијалниот интегритет на Косово