Свет
20. December 2016 - 12:34

Страшен верижен судир одзеде 5 животи

Густата магла предизвика тежок верижен судар, во кој учествуваа повеќе автомобили во двата правци на автопатот меѓу Ла Рош-сур-Јон и Ле Сабл д'Олон, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според првичните проценки дадени од страна на јавниот обвинител, пет лица загинаа, а шестмина се сериозно повредени. Според него, се уште е премногу рано да се знаат околностите на несреќата.

Полицијата го затвори автопатот за да им се овозможи на возилата за итна помош да интервенираат.

Педесет возила, вклучувајќи и најмалку еден камион се вклучени во несреќата.