Строгите рестриктивни мерки во Оукленд остануваат во сила уште две недели
– Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн соопшти дека заклучувањето во најголемиот град во земјата, Оукленд, ќе остане во сила уште две недели.
– Нема да има промени во рестриктивните мерки воведени во Оукленд пред повеќе од два месеци, рече Ардерн на прес-конференција и нагласи дека рестриктивните мерки во Оукленд се најстрогите меѓу земјите на Организацијата за економска соработка и развој – бизнисот работи од далечина, училиштата се затворени, жителите на градот (1,7 милиони) имаат право да ги видат роднините само на отворено, почитувајќи ја физичката дистанца и ограничување на контактите на две домаќинства или 10 лица, додаде таа.
Строг карантин беше воведен по регистрацијата на еден случај на зараза со коронавирус на 18 август. Бројот на заразени лица во Оукленд веќе достигна 2.005 луѓе.
Сепак, ограничувањата ќе бидат олеснети во соседниот Северен регион, каде што децата ќе можат да се вратат на училиште, а бизнисите ќе бидат отворени за клиентите.
В петок, Ардерн ќе објави нов систем мерки за справување со ковид, вклучително и поставување многу високи цели во кампањата за вакцинација. Околу 85 проценти од вакцинираното население во Нов Зеланд примило прва доза, а 66 проценти од жителите се целосно вакцинирани.
Со население од пет милиони, земјата регистрира околу 4.600 случаи на Ковид-19 и 28 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста