Македонија
9. April 2026 - 12:16

Струмица доби нов парк , дел од стратегијата за зголемување на зелените површини и почист воздух

Струмица доби нов парк, втор по големина во општината. Истиот е дел од пошироката стратегија за зголемување на зелените површини, како еден од начините за справување со загадувањето на амбиенталниот воздух и унапредување на урбаната средина.

Паркот чини 390 000 евра , се простира на површина од близу 13.000 м² и претставува современ простор за одмор и рекреација. Во рамки на уредувањето засадени се 460 дрвја и декоративни растенија, додека зелените тревни површини зафаќаат речиси 10.000 м².

Просторот е опремен со урбана опрема за одмор и рекреација, а целокупното осветлување е обезбедено преку модерен лед систем во комбинација со соларни панели, што го прави паркот енергетски ефикасен.

Проектот е реализиран во рамки на иницијативата ,,Зелен пулс,, во прекуграничниот регион, финансирана од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија и министерството за локална самоуправа на Република Македонија.