Македонија
25. April 2022 - 12:42

Струмичанка со тешки повреди пренесена на клиника откако ја удрило „пежо“

На 24.04.2022 во 09.25 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Крушевска Република“, ул.„Младинска“ во Струмица, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(68) од Струмица, удрило во З.Ј.(65) од Струмица, информира МВР.

Во несреќата. З.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.