Струмичките и радовишките пожарникари вчера изгаснаа 12 пожари на отворено
Во текот на вчерашниот ден Територијалните против пожарни единици на Струмица и Радовиш изгаснаа 12 пожари на отворено. Сите биле на отворен простор каде горела сува трева, стрништа, диви депонии и ниска дабова шума.
Во информациите од двете против пожарни единици се нагласува дека речиси сите пожари биле поредизвикани од човечки фактор.
Заради големата фреквенција на пожари биле мобилизирани 25 пожарникари и седум против пожарни возила од ТППЕ Струмица, а пожарите биле во атарите на селата Раборци, Просениково, Банско, Добрејци, Ангелци и Градско Балдовци.
Во Радовиш пожари имало во атарите на селата Воиславци, Калугерица, Ињево, Сулдурци и на планината Плачковица.
Пожарникарите апелираат до сите кои деновиве од најразлични причини ќе се движат на отворен простор да не палат огнови.
-Истото се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба, кои ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите, а огнот без контрола брзо се шири, особено кога времето е потопло и ветровито. Со затоплувањето на времето во регионот ќе се интензивираат земјоделските активности на нивите. Предизвикувањето пожар, намерно или од човечко невнимание, претставува и кривично дело за кое се предвидени ригорозни законски санкции, парични и затворски казни до 10 години, зависно од крајните еколошки и други последици, се наведува во информацијата на струмичките и радовишките пожарникари.
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено