Македонија
26. November 2022 - 16:31

Стружани плаќаат високи сметки а низ цевките им тече матна вода

Заматената вода секојдневие веќе години наназад во Струга. Граѓаните се жалат дека иако плаќаат високи сметки за вода истата или е загадена или има почести прекини или па воопшто ја нема па се принудени на дополнителни трошоци во време на економска криза. Овој проблем како што велат се случува при секој дожд водата од градскиот водовод да е матна и обоена.

Од локалната пак посочуваат дека моментално се  работи на промена на азбестните цевки со кои ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во градот.

Од ЈП „Водовод“ појаснуваат дека во периоди на дождови доаѓа до загадување кај изворите во Шум, предизвикано од електраните.

Стружани пак велат жалосно е во 21 век да имаме несоодветен третман на водата за пиење тие изминативе години и преку протести го изразија своето незадоволство, но овој проблем се уште не е решен.