-->
-->
Студено утро во поголем дел од државата, најстудено во Берово
-->
Температури под нулата утрово во 7:30 часот се измерени во Берово (-8), -6 во Скопје-Петровец, Битола, Попова Шапка, Маврови Анови, -5 во Крива Паланка, Претор, Демир Капија и Струмица, -4 во Тетово, Прилеп и Куманово, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Kрушево и Охрид, -2 во Виница и Гевгелија, а 0 степени во Дојран.
Највисока снежна покривка до 7 часот од 16 сантиметри има на Попова Шапка и 2 см во Маврови Анови.
Утрово е сончево со мала до умерена локална облачност, а во текот на денот ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Во Скопје, претежно сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рождество на Пресвета Богородица – почетокот на сите празници
-

Променливо облачно, попладне локални врнежи и невреме
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
