Студентите од популарните жанрови на ФМУ Скопје одржаа концерт во Велес

На големата сцена на Велешкиот театар синоќа концерт одржаа студентите од популарните жанрови на Факултетот за музичка уметност од Скопје.
Изведувачи беа студентите: Теодора Трајковска, Елена Миленковска, Рахаела Димитриевска, Александра Ангеловска, Маријана Тодоровска, Ивана Симовска, Ивана Стојановска, Мартин Данчев и Иван Трајков. Тие беа распоредени во два бенда со по две гитари, бас саксофон и клавир и повеќе пејачи, а настапија со популарни македонски и странски хитови.
Иван Иванов од Велес, студент на саксофон на ФМУ кој настапи во пијано изведба и беше организатор на концертот, изјави дека целта на овој едукативен концерт е да го претстават новиот популарен жанр на Факултетот за музичка уметност.
- Целта е да ги мотивираме студентите тоа што го учат да го претстават и пред публиката на сцена и воедно да ја запознаеме публиката со нашиот отсек на популарна музика кој е се поинтересен за студирање на нашиот факултет, рече Иванов.
Концертот беше промотивен во Велес во рамки на манифестацијата „Велес - Град на културата 2015“, а планираат да го изведат и во Скопје и во други градови во Македонија.
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
