Студентите оддадоа почит на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани, за влакно спречен инцидент
Илјадници студенти и академската фела пред платото на УКИМ оддадоа почит на загинатите во страотниот пожар во кочанската дискотека. Студентите палеа свеќи, положуваа цвеќиња за сите прерано згаснати животи во фаталниот пожар. Поставени беа и кутии за донации кои подоцна, преку Црвениот крст ќе бидат предадени на настраданите и засегнатите во трагедијата како што Македонија не памети.
Пред обраќањата на надлежните, со седумминутен молк присутните им оддадоа почит на настраданите.
Говорите на ректорката и на министерката за образование беа прекинувани на повеќе наврати, бидејќи на неколку студенти им се слоши, изгубија свест и имаа потреба од медицинска помош. Повеќе амбулантни возила се протнаа низ толпата студенти за да им помогнат.
За влакно беше спречна и ескалација на настанот. Но, сепак не беше дозволено собирот пред платото на УКИМ да прерасне во протест.
Отворена беше и книга на жалост.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар