Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија со цел да се обезбеди директна поддршка за граѓаните на кои им е најпотребна.
Со огласот се предвидува Министерството да им доделува финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 1.000 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето. Поддршката ќе се доделува во текот на 12 месеци или до исцрпување на предвидените средства согласно програмата.
Рокот за поднесување на барањата изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот оглас. Заинтересираните лица треба да поднесат пополнет образец за барање (Образец 1 или Образец 2, во зависност од категоријата) достапен во архивата на Министерството или на официјалната веб-страница: https://www.ea.gov.mk/
Со барањето е потребно да се достават изјава заверена на нотар за точност на приложената документација; фотокопија од Решение за стекнато право на посебен додаток или надоместок за згрижување; фотокопија од последната сметка за потрошена електрична енергија; фотокопија од лична карта на барателот; и доказ за членовите на домаќинството.
Финансиската поддршка е наменета за домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток согласно Законот за заштита на децата, чиј вкупен нето доход во 2024 година на месечно ниво не го надминувал износот од 42.000 денари за домаќинство со два члена, 60.000 денари за домаќинство со три члена, и80.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена.
Финансиска помош можат да добиваат и згрижувачи кои згрижуваат едно или повеќе лица во своето семејство и се корисници на надоместок за згрижување согласно Законот за социјалната заштита, при што нивниот вкупен нето доход на месечно ниво не го надминувал предвидениот праг според бројот на членови во домаќинството (од 42.000 до 160.000 денари).
Лицата кои веќе користат гарантирана минимална помош и добиваат паричен додаток за енергенси во согласност со Законот за социјална заштита, како и старите лица кои користат финансиска поддршка согласно Законот за социјална сигурност на стари лица, не се опфатени со оваа мерка.
Заинтересираните повеќе информации може да најдат на веб-страницата www.ea.gov.mk или на ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk.
Ново на Сител
-
Приведен дрвокрадец од скопско
-
Кремљ официјално ги потврди договорите за делумен прекин на огнот
-
Зеленски: Ако Русија го прекрши договорот, Украина ќе бара санкции и оружје
-
Велешанец на фан страна на национална телевизија објавувал коментари со омраза
-
46-годишна жена од Скопје го пријавила сопругот кој подолго време ја следел и ја вознемирувал
-
Уапсен турски државјанин кој превезувал брендирана текстилна стока без документација
-
Папата Франциск беше толку блиску до смртта што лекарите размислуваа да го прекинат лекувањето
-
Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта