Македонија
22. September 2020 - 16:40

Судењето за Нефи Усеини одложено - брат му бил на преглед а оштетениот имал семејни обврски

Одложенo првото рочиште од судскиот  процес против бизнисменот и советник од редовите на ДУИ Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим за 26 октомври. Причина за одложувањето  беше неприсуството на Ибраим поради нарушена здравствена состојба и на оштетниот Спиро Топаловски поради неодложни семејни обврски околу неговите малолетни деца. На судењето беше присутен обвиниетиот Нефи Усеини, кој со неговиот брат се товорат за кривично дело “насилство”.

Димитрија Цобоски, адвокат на Усеини, потенцира дека тежината на кривичното дело треба да се квалификува според последиците во самиот настан.

Адвокатот на одбраната нагласи дека во обвинението нема кривично дело „неовластено поседување оружје“.

Настанот се случи на 18 август годинава кога пред хотел во Охрид Топалоски физички бил нападнат од браќата Усеини, Тој најнапред за медиумите истакна дека во инцидентот бил употребен и пиштол и тоа пред очите на неговиот малолетен син но потоа ја промени изјавата дадена пред Јавен обвинител, што според одбраната е единствен валиден доказ во постапката.

Инаку за кривичното дело насилство следи затворска казна   од  6 месеци до 5 години.