Македонија
28. February 2020 - 11:19

Судењето за Рекет пак одложено, не дојдоа сведоците на Боки 13

Судењето за Рекет и денеска беше одложено. Не се појавија сведоците понудени од обвинетиот Бојан Јовановски.

Требаше да сведочи Дејан Панделески, за кого судијата Васка Масевска рече дека поканата била испратена на неговото работно место, но судот добил известување дека е на службен пат.

Судењето треба да продолжи во понеделник кога како сведок треба да се појави Сергеј Варошлија.

Денеска во Апелациониот суд ќе се одржи јавна седница на која Јовановски ќе побара укинување на притворот.

На новинарските екипи, тој во судница им рече дека е "целисходно да ја следат седницата".

 

Зоран Јаневски