Македонија
5. March 2025 - 12:18

Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко

На денешното рочиште против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“ вреден 67 илјади евра судот не го прифати предлогот за застареност на делото. Сведокот предложен од одбраната на Мерко, Наде Бојаџиевска, вработена во Државен завод за ревизија истакна дека останува во целост на напишаниот извештај дека нема незаконитост во постапката за набавка на возилото.

Мерко во предметот се гони за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Делото за набавката на возилото застарува во 2028 година.

Судењето пак закажано за денес против градоначалникот Мерко за поставено спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда со кое, според обвинението, поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга се одложи поради здравствени причини.