Балкан
2. March 2017 - 11:51

Судот во Франција бара дополнителни информации за Харадинај

Апелацискиот суд во францускиот град Колмар за 6 април го одложи донесувањето одлука за барањето на Србија за испорачување на Рамуш Харадинај поради сомневање дека извршил воени злосторства на Косово.

Истражниот совет во согласност со барањето на Обвинителството наложил доставување дополнителни информации за Харадинај, а следното рочиште е закажано за 6 април, изјави денеска за Танјуг, Мари Елен Калвано од Генералниот секретаријат на Судот. 

Харадинај и натаму нема да може да ја напушта територијата на Франција до конечната одлука на Судот, кој по вторпат ја одложи својата одлука.

Апелацискиот суд во Колмар на 9 февруари одржа јавна седница, на која свои ставови за барањето на Србија изложија Харадинај и неговите адвокати и заради утврдување на исполнувањето на условите и гласањето за барањето на Србија за екстрадиција го одложи донесувањето на својата одлука.

Тогаш републичкиот обвинител на Франција побара да се прецизира одредувањето на докуемнтација и да се запознае со процесаот на законите на Србија.

Задача на судот во Колмар е да утврди дали се исполнети условите за испорачување, кои ги предвидува Европската конвенција за екстрадиција, која не го орочува донесувањето одлуки, додека постапката за одлучување на тој Суд се води во согласност со процесните закони на Франција. 

Харадинај изјави денеска дека одлуката на Судот во Колмар за повторно одложување на давањето мислење за барањето на Србија за негова екстрадиција е срамна и политичка одлука.

- Јас сум политички заложник. Судот им даде уште еден месец на српските власти да достават информации. Тоа е политичка одлука, а ова што се случува е непријатно, рече Харадинај пред зградата на Судот.

Тој повтори дека борбата на ОВК е веќе разгледувана пред Хашкиот трибунал.

- Вие, кои ја донесовте оваа срамна одлука треба да се засрамите. Ќе продолжам понатаму да се борам против одлуката, рече Харадинај по рочиштето, кое траеше неколку минути. 

Харадинај, кој е лидер на опозициската Алијанса за иднината на Косово е уапсен на 4 јануари на границата со Швајцарија и Франција по српската потерница, а Србија потоа испрати барање до Франција за негово екстрадирање.

Тој една недела подоцна е пуштен со цел одлуката на Судот за барањето на Србија за негова екстрадиција да ја чека на слобода, но му е одземен пасошот и забрането му е да ја напушта територијата на Франција.

Истрагата против Харадинај во Србија е покрената во 2004 година, а во јануари е проширена со нови обвиненија и нови докази, кои се проследени до Судот во Колмар.

На Хардинај му се судеше во Хашкиот трибунал за воени злосторства на Косово, но во 2012 година е правосилно ослободен од сите обвиненија.

Србија го бара Харадинај поради обвиненија дека извршил кривични воени злосторства против цивилното население на Косово во периодот 1998-1999 година, а Белград тврди дека станува збор за дела, кои не се предмет на судење во Хаг.