Супер лига - плеј оф: Металург гостува кај Вардар

По елиминацијата од Лигата на шампионите македонскиот првак Вардар го очекуваат натпреварите во домашното првенство, па вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе го одигра одложениот дуел од 3.коло со тимот на Металург. Двете екипи во досегашниот тек од плеј офот од Супер лигата немаат пораз исто како и екипата на Макс Струмица.
„Вардарци“ секако дека сега имаат обврска да го потврдат квалитетот што го имаат и да ја одбранат шампионската титула, а според игрите и резултатите прикажани оваа сезона Металург е најблиску шампионот. За екипата на Лино Червар ова секако е добра можност да се проверат силите и да се пружи што е можно посилен отпор на фаворитот.
Почеток на натпреварот е во 19 часот, а ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.
Табела: Металург 9 бодови (3 натпревари), Макс Струмица 9(3), Вардар 6 (2), Прилеп 6 (4), Охрид 0 (4), Работнички 0 (4).
Ново на Сител
-

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка
-

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма
-

Косово денеска избира нов парламент, вторпат за 11 месеци
-

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска
-

Сојузниците на Зеленски му дадоа силна поддршка пред разговорите со Трамп во Флорида
-

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
