Суспендирањето на Шенгенот ја загрозува ЕУ, смета шведскиот премиер

Укинувањето на слободното движење во рамките на Шенген зоната ја загрозува Европската унија, изјави премиерот на Шведска Стефан Ловен во интервју за телевизија „Еуроњуз", пренесува ТАСС.
- Ако се распадне договорот, ќе се доведат под прашање и ЕУ и се за што сме работеле многу години, рече тој.
Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ утре на неформален состанок во Амстердам ќе разговараат за можноста за продолжување на граничната контрола во Шенген зоната. Во моментов Норвешка, Шведска, Данска, Австрија, Германија, Франција и Малта се поригорозни во контролата на своите граници.
Според шведскиот премиер нестабилноста на пазарот на трудот и зголемувањето на социјалните тензии довеле до драстичен раст на национализмот во Шведска.
- Станува збор за страв од утрешнината, што го доживува населението. При нестабилен пазар на трудот луѓето си го поставуваат прашањето: Ќе има ли утре за мене работа и ако не, што ќе се случи со мене?, објасни премиерот.
Радикалната партија „Шведски демократи", која се залага за прекин на миграцијата во кралството, ужива поддршка од 25 проценти од Швеѓаните, покажуваат анкетите.
Ново на Сител
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
