Сузбиена криминална група од Тајван што вршела телекомуникациски измами во Македонија, приведени девет лица
Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Национална единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и Одделот за криминалистичка полиција сузбија криминална група од Тајван што вршела телекомуникациски измами и трудова експлоатација на државјани на Тајван, при што се приведени девет лица-државјани на Тајван, соопшти МВР.
Криминалната група функционирала во повеќе земји и по првичните оперативни информации за нејзино присуство на наша територија, во координација со полицијата на Тајван и Интерпол, велат од МВР, веднаш е пристапено кон преземање мерки за детектирање и нејзино сузбивање.
– Млади луѓе од Тајван биле регрутирани од страна на т.н. „синдикати“ за да работат во странство. Повеќето од младите не ги знаат сите детали за работата која треба да ја вршат се додека не стигнат до крајната дестинација. По пристигнувањето тие се физички ограничени во куќата, т.н. „кол центар за телефонски измами“ и немаат пристап до нивните пасоши и мобилни телефони. Тие се принудени да работат со часови без да им бидат исплаќани надоместоци или плати. Жртвите биле тепани доколку не ги почитуваат наредбите, посочуваат од МВР.
Додаваат дека т.н. „синдикати“, користат брз интернет за воспоставување меѓународни разговори. Телефонските оператори од прво ниво се претставуваат лажно дека се службеници во банка или поштенска служба или службеници за осигурување. Следно, операторите од второ ниво лажно се претставуваат како полициски службеници за да приберат целосни лични податоци и бараат доказ за извршена уплата за некаква казна. Конечно, жртвите се префрлани во „трето ниво“, каде операторите им се претставуваат како обвинител или судија и ги убедуваат жртвите дека ќе бидат соочени со тешки обвиненија доколку не соработуваат и доколку не ги префрлат парите на назначените сметки со цел намалување на казната или ослободување од казна.
– Во координација со ОЈО за ГОКК-Скопје и добиена наредба од судија на претходна постапка, на 7 мај 2021 извршени се претреси на две локации во населба Бардовци, Скопје. На првата локација затекнати и приведени се шест членови на криминалната група, како и 25 жртви (сите државјани на Тајван), а на втората локација еден член на криминалната група и 10 жртви (сите државјани на Тајван). Дополнително, детектирани се уште две лица од криминалната група, кои биле сместени во хотел во Скопје, како и уште четири лица-жртви, кои биле сместени во друг хотел во Скопје. Вкупно иднетификувани се 39 жртви на трудова експлоатација, се вели во соопштението.
По добиени насоки од јавен обвинител, додаваат од МВР, сите обезбедени материјални докази ќе бидат предадени на надлежните служби за спроведување на законот од Тајван, заедно со идентификуваните жртви и лицата идентификувани како членови на меѓународната криминална група, за нивно натамошно процесуирање во Тајван, каде се обвинети за повеќе кривични дела.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица