-->
-->
Светот може да остане без кафе
-->
Климатските промени и уништувањето на шумите се закануваат дека ќе ги отстранат во целост дивите видови на кафе во светот, меѓу кои и популарните комерцијални кафиња арабика и робуста.
Актуелните мерки за зачувување на дивите видови на кафе не се доволни за да ја заштитат својата долгорочна иднина, се вели во студијата објавена од експертите од Британската кралска ботаничка градина во Лондон, Кју гарден.
Во видови на кафе на кои им се заканува исчезнување спаѓаат и оние видови кои би можеле да се употребат за одгледување на истото во иднина.
Тоа вклучува и некои видови кои се отпорни на болести и кои можат да ги издржат и најлошите климатски услови.
Според неговите зборови, итно е потребна акција во одредени тропски земји, пред се во Африка и особено во шумските области кои се погодени од климатските промени.
Додека температурите се зголемуваат и врнежите се намалуваат – поволни зони за одгледување на кафе има се помалку.
Овие податоци не се важни само за љубителите на кафе. Постојат многу земји кои зависат од кафето поради приходи. Се проценува дека околу 100 милиони лица произведуваат кафе на фармите ширум светот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палчо на распит, негирал вина и тврдел дека е наместен
-
Палевски на распит
-
ДУИ славеше 22 години постоење
-
Спасеновски: Рано е за укинување на Пржинската влада
-
Филипче, Петровска и Деспотовски поднесоа кандидатури за претседател на СДСМ
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Организацијата на потрошувачи ќе поднесе тужба наместо граѓаните кои платија поскапи полиси
-
Преглед на вестите од светот