ОН: Светот се движи кон „климатска катастрофа“

Светот се движи кон „климатска катастрофа“, предупреди ООН во денеска објавениот извештај, кој покажа колку всушност се далеку земјите од нивните поставени и „недоволни“ климатски планови.
Во извештајот на Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) се предупредува на голем јаз помеѓу активностите потребни за ограничување на порастот на глобалните температури за да се избегнат најлошите ефекти од климатските промени и она што го прават земјите и што ветија дека ќе направат.
Актуелните климатски политики доведуваат до затоплување од 2,8 степени Целзиусови, а плановите на земјите за следната деценија би довеле до зголемување на температурата од 2,4 до 2,6 Целзиусови степени.
Времето за постепена промена заврши и „само фундаментална трансформација на нашите економии и општества може да нè спаси од забрзана климатска катастрофа“, предупреди извршната директорка на УНЕП, Ингер Андерсен.
Во согласност со Парискиот климатски договор од 2015 година, здржавите ветија дека ќе преземат активности за намалување на емисиите на стакленички гасови за да се ограничи глобалното затоплување значително под нивото од 2, односно 1,5 степени Целзиусови.
Светот веќе е соочен со почести поплави, бури, топлотни бранови и шумски пожари, а доколку се надмине границата на затоплување од 1,5 степени Целзиусови, се очекуваат уште поразорни екстремни временски настани.
Плановите за климата, познати како Национално определени придонеси (NDC), се проценува дека ќе ги намалат глобалните емисии за меѓу пет и 10 проценти до 2030 година, или три до шест милијарди тони, во споредба со тековните политики.
Но, потребно е да се намалат штетните гасови за уште 20 до 23 милијарди тони до 2030 година за да се постигне целта температурата да се ограничи на 1,5 степени Целзиусови, односно 12 до 15 милијарди тони за да остане во границата од 2 Целзиусови степени.
Земјите, исто така, „скршнаа од патот“ и во однос на остварувањето на своите глобално „грубо недоволни“ климатски планови, се предупредува во извештајот објавен пред најновите меѓународни разговори за климата во Шарм Ел-Шеик, Египет.
Шефот на ОН, Антонио Гутереш ги повика развиените земји да бидат предводници на поамбициозните климатски планови, да ја прекинат зависноста од фосилните горива и да го зголемат ангажманот на Светска банка во борбата против климатските промени.
„Мораме да го затвориме јазот во емисиите пред сите да бидеме погодени од климатска катастрофа“, додаде Гутереш.
Ново на Сител
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
