Светски ден на претприемништво - улога на банките и државата во неговиот развој
Поголема подршка од банките но и од државата. Унивезритетските професори со препорака што е потребно за да се подобри состојбата со претприемништвото. Велат банките најчесто финансиски ги помагаат големите фирми , но 90 отсто од стопанството го сочинуваат малите и средни бизниси. Затоа сметаат дека банкарите треба да почнат да нудат поволни финансиски пакети кои ќе им помогнат и за старт и за развој на бизнисте, а подршката од владата да се унапредува.
Странските експерти пак сметаат финансиска подршка од банките треба, но не и од државата особено да не се финансираат бизниси кои работат подолго време на пазарот.
Останатите проблеми поради кои трпи македонското претприемништво се недоволната едукација во обраозванието, иселувањето, слабата иноватиност, а неопходно е и да се ослсни постапката за отворање на нови фирми.
Според податоците годишно во земјава се отвораат околу 6.000 фирми, но приближно толку е бројот и на оние кои ставаат клуч на врата.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар