-->
-->
Светски финансиски експерти во Скопје на дебата за глобалните предизвици
-->
- Народната банка на Република Македонија во петок ќе биде домаќин на меѓународна конференција на која ќе присуствуваат еминентни говорници значајни за светските финансиски пазари.Меѓу нив се Беноа Кере, еден од шесте постојани членови на Европската централна банка, Тао Џанг, заменик главен директор на Меѓународниот монетарен фонд и Луиз Авазу Переира да Силва, заменик главен директор на Банката за меѓународни порамнувања. Најавено е присуство и на гувернерот на централната банка на Исланд и на вицегувернерите на централните банки на Чешка и Литванија, како и на претставници од најголемата финансиска корпорција за управување со финансиски средства во светот - БлекРок.
Од Народна банка велат дека ова е ретка можност за Македонија и оти се работи за глобален настан на кој светската финансиска елита ќе разговара за глобалните предизвици. Поканети се околу околу 200 гости од кои 80 се од странство.
Конференцијата ќе биде поделена на четири сесии, а целта е да се направи оцена на тековната состојба и на идните изгледи на глобалната економија.
На четвртата сесија ќе се обратат и македонскиот министер за финансии Драган Тевдовски и неговиот бугарски колега Владислав Горанов.
Конференцијата ја организира НБРМ во соработка со Комитетот за преобразување на Брентон Вудс
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван во Скопје
-

Ристески: Синдикатите да направат анализа за минималната плата што ја бараат, протестите се политикантство
-

Европол: Разбиена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд
-

Потпишан меморандум за воздухопловна соработка со Сингапур
-

Владата донесе одлука што ќе овозможи да се уреди паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза"
-

Мицкоски и Тошковски порачаа дека „никој не е над законот“ во случајот со запленетите 40 тони марихуана
-

Во Министерството за транспорт се одржа стручна јавна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање
-

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза
