Loading Video...
Свет
22. јуни 2021 - 16:35

СЗО - Делта сојот на корона вирусот официјално е регистриран во 92 земји

Делта сојот на корона вирусот официјално е регистриран во 92 земји. СЗО предупредија дека ова е најзаразната мутација на Ковид-19 и по симптомите  потсетува на грип.

Според досегашните сознанија делта сојот може да има одреден степен на отпорност на вакцините против Ковид-19, но многу е подобро луѓето да бидат целосно вакцинирани, вели епдемиологот на СЗО.

Делта сојот особено е опасен во местата каде што има ниста стапка на вакцинација, предупреди првиот човек на СЗО и ги  повика светските лидери да донираат и дистрибутираат вакцини до посиромашните земји.

Гебрејсус на брифингот со новинарите обајви дека СЗО води разговори со многу компании и институции за создавање центри за производство на вакцини против Ковид-19 во Африка.