Loading Video...
Свет
21. October 2021 - 16:32

СЗО: Коронавирусот ќе биде присутен и наредната година

Пандемијата на Ковид-19 ќе трае и наредната година, велат од Светската здравствена организација.

Сиромашните држави не го добивале потребниот број вакцини, па како што наведуваат од СЗО, пандемијата ќе продолжи една година подолго од потребното.

Во Африка вакцина примиле само пет проценти од населението, наспроти 40 отсто на другите континетни. Во меѓувреме, од компанијата Фајзер објавиа дека ефикасноста на трета доза од нивната вакцина е близу 96 проценти.