СЗО: Можно е 23 милиони луѓе да бидат погодени од земјотресите во Турција
Околу 23 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од земјотресите што ги потресоа југоисточна Турција и северна Сирија, соопшти денеска Светската здравствена организација, која вети долгорочна поддршка по првото испраќање итна помош.
„Мапите на локацијата на земјотресот покажуваат дека 23 милиони луѓе се потенцијално загрозени, вклучително и околу пет милиони ранливи луѓе“, рече претставникот на СЗО, Аделхајд Маршанг на прес-конференција.
Во серија земјотреси во Турција и Сирија загинаа повеќе од 5.000 луѓе, според новиот официјален биланс на загинати, додека спасувачките тимови и денеска се обидуваат да извлечат преживеани од урнатините.
„Ќе работиме со сите партнери за да ги поддржиме властите во Турција и Сирија во критичните часови и денови што следат, како и во месеците и годините што следат, додека двете земји закрепнуваат и обновуваат“.
Според неа, СЗО ја активирала својата мрежа на тимови за итна медицинска помош со цел да се обезбеди основна здравствена заштита на повредените и најзагрозените.
Ново на Сител
-

Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука
-

18-годишник од тетовско најпрво истепал соселанец, а потоа го удрил со автомобил
-

ПМФЛ: Вардар со гол во судиското надополнување ја совлада Брера
-

Сиљановска-Давкова: Можеме и мораме да направиме се што е во наша моќ ваквите трагедии никогаш повеќе да не ни се повторат
-

18-годишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во Чаир
-

Работник починал по пад од висина во Скопје
-

Македонските институции и македонскиот здравствен систем соодветно се справи со трагедијата во Кочани
-

Томовски: По трагедијата во Кочани, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно
