СЗО: Пренесувањето на вирусот зика по сексуален контакт е пораспространето отколку што се проценувало
Пренесувањето на зика вирусот по сексуален пат е пораспространето отколку што порано се верувало, соопшти Светската здравствена организација повекувајќи се на извештаи од повеќе држави.
По состанокот на Одборот за итни ситуации, СЗО наведува дека има се повеќе податоци за зголемен број на вродени маани предизвикани од вирусот зика.
Тој вирус воглавно се пренесува по убод на комарци.
Генералниот директор на СЗО, Маргарен Чан вели дека извештаите и истрагите од повеќе држави укажуваат дека пренесувањето на тој вирус по сексуален пат е пораспространето отколку што претходно се претпоставувало.
Таа рече дека девет држави пријавиле поголем број случаи на Гиен-Бареов синдром, ретка болест која може да предизвика привремена парализа и смрт, не само меѓу жени туку и меѓу деца, тинејџери и постари луѓе.
– Сето тоа е вознемирувачко, изјави Чен.
СЗО им препорача на бремени жени да избегнуваат патување во држави каде е прогласена епидемија на зика и ако нивните партнери патуваат во такви држави, да се преземат мерки за безбеден сексуален однос.
Иако нема конечни докази дека зика предизвикува вродени маани и невролошки проблеми, Чан вели дека официјалните здравствени лица не треба да чекаат конечни научни потврди пред да дадат препораки.
Ново на Сител
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово
-
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
-
ЦУК: Два пожара на отворено, најавено минирање кај Бањица
-
Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај