Тачи: Кога Русија би го признала Косово, тогаш Белград би се откажал од митологијата
Претседателот на Косово, Хашим Тачи оцени дека Русија би можела да одигра „многу позитивна улога“ за мировниот процес доколку би ја признала независноста на Косово, бидејќи во тој случај Белград би се откажал од „лажната митологија“.
Тачи, во интервју за германскиот дневен весник „Тагесцајтунг“ ја обвини Русија дека ја користи својата моќ во Советот за безбедност на ОН со цел да го спречи Косово да се придружи на светската организација.
Зборувајќи за петте држави од ЕУ кои одбиваат да го признаат Косово, Тачи оцени дека тоа претставува „огромен хендикеп“. Тој уште еднаш повтори дека Косово е „успешна приказна“.
- Ние постојано ја унапредуваме нашата меѓународна позиција. Економијата е во пораст и достигнавме четири отсто економски раст во изминатите години, потенцира косовскиот претседател.
Тој потенцираше и дека земјата има „јасна визија“ кога се евроатлантските интеграции во прашање.
- Трпеливи сме и многу напорно ќе работиме да ја подобриме ситуацијата во косво. Антизападните позиции и идеологии немаат шанса да успеат или да имаат какво и да е влијание на Косово. Пред се, сакаме ЕУ да размисли за својата колеблива полити, потенцираше Тачи.
Ново на Сител
-
Оливер Миланов именуван за директор на Агенција за Храна и Ветеринарство
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина