Тачи: Косово со демаркацијата не губи ни метар од својата територија

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека со демаркацијата на границата со Црна Гора не губи ни метар од својата територија и оти Парламентот треба да ја ратификува Спогодбата, со што ќе исполни уште еден значаен критериум во зацврстувањето на државноста.
Тачи, според Лајми.нет, изразува жалење што јавноста постојано е дезинформирана со разни бројки за кои се претендира дека се научна работа.
- Самите лидери на опозицијата еднаш споменуваат 12.000 хектари, другпат 8.000, потоа 10.000 хектари а сега 6.000 хектари.Исто така се случи и смешна ситуација кога во ист ден претставници на иста партија користат различни бројки,-изјавил Тачи.
Тој нагласува дека како претседател на Косово се фокусира и грижи за територијалниот интегритет на Косово, а не на Црна Црна.
- Јас верувам дека косовскиот парламент ќе биде на висината на задачата и ќе ја изгласа ратификацијата на Спогодбата со што ќе стави крај на шпекулациите и насилните однесувања. Прашањето за обележувањето на границата е многу значајно и бара од сите да се откажат од теснопартиските и краткотрајни интереси во полза на големите државни интереси, изјави Тачи.
Според него, изгласувањето на демаркацијата, Косово ќе го направи независна и суверена држава, бидејќи е директно поврзано со два од четири критериуми од Конвенцијата од Монтевидео околу правата и одговорностите на државите.
Ново на Сител
-

Вон контрола пожарот на грчкиот остров Крит во кој загинаа двајца пожарникари, а беа евакуирани села и 29 лица по морски пат
-

Дрон удри танкер за превоз на гас во египетско медитеранско пристаниште
-

Шумски пожари предизвикаа евакуации ширум Турција додека жештината и ветрот ги разгоруваат огнените стихии
-

Зеленски понуди помош од Украина за гаснење на пожарите во Франција
-

Македонските одбојкари против Грција на отворањето на Медитеранските игри
-

Израел: Хезболах изврши прв напад со дрон по прекинот на огнот од 19 јуни
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
