Тачи: Визниот режим го поттикнува верскиот екстремизам во Косово
Косовските граѓани страдаат од раните на понижување и дискриминација од визниот режим, што придонесува и за поттикнување на верскиот екстремизам во Косово, изјави косовскиот вице-премир и министер за надворешни Хашим Тачи за австриската ревија „Профил“.
Како што јави дописникот на МИА, Тачи изјави дека укинувањето на визниот режим за околу двата милиони жители на Косово не претставува никаква опасност за Европа.
- Овој страв е неоснован. Ние сме само два милиона жители и од таа причина не сме никаква опасност за Европа, изјави шефот на косовската дипломатија.
Говрејќи за дискриминацијата со визниот режим, Тачи нагласи „за време на режимот на Јосип Броз Тито, Косовците имаа можност 30 години да патуваат насекаде низ Европа без визи“.
- Во Титова Југославија, 30 години ни беше дозволено да патуваме без визи во европските земји. Но, сега сме најизолираната земја во Европа, иако Косово заблежа извонреден напредок од прогласувањето на независноста, оцени Тачи.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, осуммина се повредени при уривање на зграда во Истанбул
-
Приведен дилер од Свети Николе
-
62-годишник во Кочани се самозадоволувал пред малолетничка
-
Тешко повреден затвореник во Идризово по тепачка измеѓу две групи
-
Исчезна 33 годишна скопјанка
-
Европскиот фронт усвои политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува од изборите
-
Попов: ВМРО-ДПМНЕ нема да си игра со чувствата на младите, ќе ги решаваме нивните проблеми
-
Каселакис го прашува Мицотакис што направил за учеството на ВМРО-ДПМНЕ на изборите под името „Твоја Македонија“