Тачи: Време е за економски развој на Балканот
Унапредувањето на регионалната економска соработка беше главна тема на средбата на косовскиот претседател Хашим Тачи со стопанска делегација предводена од генералниот секретар на Европската асоциација на стопански и индустриски комори, Арналдо Абрузини.
Како што јави дописникот на МИА, во соопштението од кабинетот на Тачи се наведува дека во состав на делегацијата биле и претседателите на стопанските комори на Македонија, Бранко Азески, на Косово, Сафет Грџалиу и на Србија, Марко Чадеш.
Според електронско издание на приштинскиот весник „Експрес“, на средбата Тачи оценил дека економијата е клуч за мирот и соработката во регионот на Балканот и пошироко. - Мина времето на национализмот. Граѓаните сакат мир, развој и благосотојба, изјавил Тачи.
Абрузини од своја страна изјавил дека регионалната соработка е клучна за развојот и му честитал на Тачи „за промоцијата на дијалогот и соработката“.
Тачи од своја страна потенцирал дека државните институции на Косово подржуваат иницијативи за регионална економска соработка и го поттикнуваат нејзиното продлабочување.
Ново на Сител
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух
-
Жителите на прилепско Ореовец денеска се собраа на нов протест
-
Полагање матура во холови и спортски сали, наместо во училници
-
Преглед на вестите од светот