Тадиќ: Конференцијата на Вучиќ е кулминација на бизарноста и политичката патологија

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ оцени денеска дека саботната прес-конференцијата на претседателот Александар Вучиќ, на која беа прикажани масакрирани тела, е кулминација на „бизарноста и политичката патологија во која е втурната Србија по 2012 година“, јави дописникот на МИА од Белград.
-Покажувањето на масакрирани тела, со што се кршат човековите права и на самите жртви и на нивните семејства, и покрај експлицитното барање на членовите на семејствата на потенцијални жртви, е нешто што не може да се замисли во ниту една нормална земја, изјави Тадиќ за „Данас“.
Според него, „криминалната група на Беливук (Веља Невоља), која всушност е откината тепачка фаланга на Српската напредна партија (СНС), отворено на социјалните мрежи ги киднапираше и злоставуваше своите криминални ривали, а претседателот на државата и неговите најблиски соработници (Братислав) Гашиќ- директор на БИА и (Ненад) Стефановиќ- министер на МВР и на одбрана, како и премиерката Ана Брнабиќ, со прст не мрднаа, ниту се огласија по тој повод “.
-Во која било нормална земја, сите тие, како челници на оваа земја, ќе мораа веднаш да си дадат оставка, наместо да се пофалат дека се наоѓаат во борбата против организираниот криминал, а всушност се работи само за пресметка во нивните редови, изјави Тадиќ.
Како што истакна, сликите што ги покажа Вучиќ „не се само слики на злосторства извршени од криминални групи, туку и слики на Србија под власта на Вучиќ“.
Од иницијативата „Да не го давиме Белград“ оценија дека случајот со организираната криминална група на Вељко Беливук во голема мера претставува судир во рамките на владејачката СНС и нејзината олигархија.
Од оваа опозициска иницијатива наведоа дека криминалните кланови против кои денес се бори државата се „создадени, развиени и зајакнати за време на владеењето на Александар Вучиќ и СНС, при што истата таа власт покажала разбирање кон нив, не успевајќи да ги казни дури и кога се снимаа додека до смрт претепуваа други луѓе, со нив делеа исти ложи на стадионите, и им дозволуваа на своите деца да се дружат со нив“.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
