Тајланд стравува од нов неславен рекорд по сообраќајни несреќи со трагичен крај

Непосредно пред новогодишните празници, властите и медиумите во Тајланд ја зајакнаа кампањата за поголема безбедност во сообраќајот за време на празнувањето, а особено за намалување на употреба на алкохол.
Загриженоста е оправдана бидејки оваа азиска држава бележи неславни рекорди по бројот на жртвите во сообраќајни несреќи со фатални последици, а кулминацијата на несреќите се случува во првите денови на Новата година..
Со 38 загинати на 100.000 возачи, Тајланд го зазема третото место во светот според бројот на жртвите, на листата на која пред оваа држава се само Еритреја со 48 и Либија со 41 загинати на 100.000 учесници во сообраќајот.
Во Тајланд во сообрајките најмногу гинат возачи на мотори и патници во автобуси, додека бројот на жртвите меѓу лицата што користат автомобили е многу помал. Основна причина за несреќите се преголемата брзина, особено на тие возачи што конзумирале алкохол, а и сообраќајната сигнализација и полицијата се наведуваат како фактори кои „придонесуваат’’ да не се вози безбедно.
Во апелите да не се вози кога се пие и за носење заштитни шлемови, властите велат дека, ако се повтори минатогодишната „црна жетва’’ ќе донесат одлука за забрана на продажба на алкохол, но малку кој верува дека тоа ќе биде навистина сторено.
Ново на Сител
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
-

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
-

Уапсени седум лица, сузбиена организирана криминална група што недозволено тргувала со дрога | ФОТО
-

Намален бројот на ученици во основните училишта
-

Угостителски услуги во периодот јануари - март поскапеле за 3.0 % во однос на лани
-

Трамп за најавениот напад врз Иран: Вечерва ќе умре цела една цивилизација, која никогаш нема да се врати
-

Го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра, обвинети 25 лица меѓу кои службеници во УЈП
-

61 годишник натепал контролор на ЈСП откако го затекнал без билет
