-->
-->
„Талир“ одложен поради неприсуство на Илија Димовски
-->
Судењето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ се одложува за 13 декември, поради неприсуство на пратеникот Илија Димовски.
Судијата Осман Шабани, посочи дека Димовски не го известил судот зошто нема да присуствува.
– Ова е јавна опомена за Илија Димовски. Ова е последно одложување за неприсуство на Димовски. Вакво непочитување кон Судот нема да дозволам. Да ме извести за „Титаник“, а да премолчи за „Талир“. Ова е непочитувањена судот, изјави Шабани.
Нагласи дека со поднесок од 24 октомври од претседател на Собранието Талат Џафери, Димовски го известил судот дека не може да присуствува на рочиштето за „Титаник“.
На денешното рочиште требаше да почне образложувањето на предложените листи со докази.
Случајот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристевска.
Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18 февруари годинава. Во случајот обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.
За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.
На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди, бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.
Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Игокеа го назначи Перо Антиќ за амбасадор на клубот
-

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани
-

Словачка Амбасада: Од 17 март нов директен лет Братислава-Охрид, нов чекор напред кон зајакнување на билатералните односи
-

Од 14 до 16 март Кочани ќе ја одбележи првата годишнина од трагичниот пожар во „Пулс“
-

Трамп: Не знам доволно за нападот врз училиштето во Иран, истрагата е во тек
-

Претрес на поранешниот ранч на Џефри Епстин во Ново Мексико
-

Македонија со 17 кикбоксери на Светскиот куп во Италија – над 2400 борци од 46 држави
-

Перез донесе одлука за нов тренер на „кралскиот клуб“
