Таравари: Не знам дали е непотизам, но не може да му забраниме на директорот да земе советник
Не знам дали е непотизам, но не може да му забраниме на директорот да земе советник со кој мисли дека подобро ќе ја раководи Клиниката, особено ако се работи за човек со искуство во добро владеење и добро раководење на здравствена установа, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари во врска со ангажирањето на Алајдин Мемеди како консултант на Клиниката за детски болести каде директор е Реџеп Мемеди.
Според Таравари, резултатите покажуваат дека Алајдин Мемеди е еден од најсупешните директори кој раководел со некоја здравствена установа, а ако е предвидено со систематизација, директорите може да земат советници.
-Човекот за кој зборувате воопшто не беше економски директор во периодот кога ги разрешувавме директорите. Тој раководел со една здравтствена инстиуција во 2014 и 2022 година и резултатите покажуваат дека е еден од најсупешните директори кој раководел со некоја здравствена установа. Не гледам ништо лошо, тој не е веќе директор и може да биде советник каде било каде некому му треба за да даде совети, истакна Таравари, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за набавка на мобилен рентген апарат.
Директорот Реџеп Мемеди рече дека Алајдин Мемеди е единствениот економски директор кој добил судски спор што сам го иницирал за негово разрешување.
-Има судско решение дека не направил никакви прекршоци во неговото делување и тоа е доволен факт дека работел во рамки на законските надлежности. Инаку, советници користеле сите претходни директори и тоа е во законските рамки. Не е прв пат директорите на клиниките да користат советници, тоа е во рамки на дозволеното. Во тој дел немаме промени во трошоците, бележиме значителна заштеда во делот на трошоците за економските директори, а во однос на трошоците за советници кои ги користеле сите претходни директори нема промени. Ние сме голема Клиника со преку 300 вработени, над 70 000 прегледи годишно, околу 6 000 хоспитализирани пациенти, но имаме недостиг на административен кадар. Со години Секторот за финансии работи без раководител, Одделот за јавни набавки работи со еден вработен без раководител и Одделот за сметководство е без раководител, а невзоможно е голема институиај да функционира без совети на експерети во областа на финансии и сметководство. Во фаза сме на доекипирање со кадар за нормално функикнирање што е во рамки на законите и прописи, истакна директорот.
Левица обвини дека Алајдин Мемеди му е братучед на Реџеп Мемеди и побара итно разрешување на братучедите, како и од Државниот завод за ревизија и од Државната комисија за спречување корупција итно да ја проверат работата на клиниките.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Скопје меѓу десетте најзагадените градови во светот
-
Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени
-
Во вооружен напад во бар во Мексико 10 убиени и седум повредени лица
-
Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето
-
Стојановски освои сребро на Европското првенство во таеквондо за кадети
-
Македонските ракометари и гостуваат на Литванија
-
Путин го потпиша законот за взаемна одбрана со Северна Кореја во случај на воен напад