Таравари: Нека трчаат по вакцини, полицискиот час нема логика
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24, рече дека снабдувањето на вакцини е многу поважно од воведување на полициски час и дека нашите здравствени власти не треба да се споредуваат со останатите држави, па според нив, да воведуваат рестрикции.
„Продолжува истата приказна. Ние копираме што ќе направат соседите. Не се повикуваме на нашите бројки, туку гледаме што прават во Србија. Никогаш немаат правовремени одлуки, кога се работи за бројките во Македонија. Ова се парадоксални рестрикции. Не соодветствуваат со состојбата. Каква логика имаат рестрикциите. Наместо да донесеме што повеќе вакцини, ние се занимаваме со што повеќе мерки. Не ја гледам логиката што ќе постигнат со полициски час. Нека трчаат по вакцини, а полициски час нема логика“, истакна Таравари.
Ново на Сител
-
Ѓорѓи Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“