Македонија
20. September 2024 - 16:33

Таравари: Уставниот суд избрза, спремавме Закон за правична застапеност

Закон за правична застапеност, наместо Балансер само за етничка застапеност при вработувањето во јавниот сектор, бил договорен меѓу владините коалициски партнери, тврди Арбен Таравари, еден од лидерите на „Вреди“. Најавата стигнува откако Уставниот суд во средата поведе постапка за вработувањата по етнички клуч, а времено вон-употреба го стави Балнасерот. Таравари одлуката на уставните судии ја нарече избрзана бидејки алатката била корисна, иако залоупотребувана.

Премиерот Мицкоски пак, не сакаше да ја коментира одлуката на Уставен суд. Не го спомна ни Законот за правична застапеност, но вели дека вработувањата во администрацијата треба да бидат според квалитет.

Одлуката на Уставниот суд не сакаше да ја коментира ни министерот за администрација Минчев, кој всушност прв побара укинување на Балансерот. И тој споменува ново законско решение.

Од друга страна не стивнуваат реакциите во албанскиот опозциски блок. Од ДУИ обвинуваат дека со Вреди во Владата повеќе ќе нема вработувања на Албанци и бараат преиспитување на одлуката на Судот

 „ВРЕДИ ги затвора очите и дозволува уништување на најважните достигнувања на Албанците последните две децении по ред, од војната во 2001 година. Оценуваме дека оваа одлука директно ги прекршува клучните одредби од нашиот Устав и ги загрозува темелите на нашето мултиетничко општество изградено со големи тешкотии. Со оваа одлука се нарушува правичната застапеност на Албанците во државните институции, односно нема повеќе вработување за Албанците“, се вели во соопштението на интегративците.

И Села вечера ја оцени одлуката на Судот како скандалозна која ги загорзува правата на етничките заедници и порача дека опозциската Алијанса нема да седи мирна. И тој најави закон за правична засташеност.
Уставниот суд во средата, по иницијатива на Антикорупциската комисија поведе постапка за оценување на Балансерот. Мнозинството уставни судии сметаа  националната припадност не може да е услов работа  администрација и дека таквите огласи биле спротивни на правата на граѓаните за еднаквост до сите работни места.