Таравари за изјавата на Реџепи: Лошо беше интерпретирана, но граѓани немаат права бидејќи немаат државјанство
Во своето гостување во Дневникот на Сител Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на партијата Алијанса на Албанците изјавата на координаторот на пратеничката група на коалицијата ААА, Скендер Реџепи, велејќи дека таа била лошо интерпретирана.
-Јас мислам дека беше лошо интерпретирана, иако тоа беше изјава на координаторот на нашата пратеничка група. Сепак, тој треба да каже повторно. Меѓутоа, јас ја слушнав внимателно и тој вели дека не е толку итно веднаш да помине тој петти пакет на мерки, меѓутоа, итна е работата оти одредени граѓани немаат државјанство, немаат право на здравствена заштита, немаат право на вработување. Нели, и оваа работа за државјанствата е сериозна. Да не бидеме селективни кога мислиме добро и сме хумани, да не бидеме селективни и да размислиме за оваа категорија на луѓе коишто со години живеат во Македонија, рече Таравари.
Според него, станува збор за луѓе кои во Македонија живеат повеќе од 30 години, а ги немале основните човекови права.
Таравари вели дека економските мерки се важни, но ниту прашањето за Законот за државјанство не било за занемарување.
-Ајде да се ставиме во нивна кожа. Луѓе кои исто така живеат во оваа држава, исто така имаат проблеми и со Ковид и со вакцинација и со другите економски мерки, како нив да ги заборавиме? Нека се 100 граѓани, не велам повеќе, можеби се и илјадници. Како нив ги оставаме на страна, не нѐ интересира воопшто и се концентрираме само на пакетот економски мерки. А досега сите четири пакети сме ги поддржале во Собранието, рече Таравари, додавајќи дека поддршка дале иако имале забелешки за мерките.
Според него, ова е селективна правда.
-Ова е селективна правда, селективна хуманост. Ако земем да размислуваме и сме хумани, ајде да ги видиме и да ги гледаме сите граѓани подеднакво исто, рече Таравари.
Реџепи вчера рече дека граѓаните ќе можат уште некој месец да издржат без пари бидејќи многу поважен е Законот за државјанство. Според него, оправдана е блокадата на Собранието за законите кои се однесуваат на пакетите со антикризни мерки кои треба да обезбедат финансиска помош за граѓаните и компаниите.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
