Македонија
13. December 2019 - 10:47

Тасева: Корупцијата направи лошо образование, здравство, загаден воздух

Корупцијата во Македонија направи лошо образование, лошо здравство и загаден воздух бидејќи се увезува некаков отпад, истакна претседателката на "Транспаренси интернешнл", Слаѓана Тасева. Вели дека резултатите од борбата против корупцијата се невидливи или воопшто ги нема.

-Парите се потрошени, извештаите се напишани - резултати нема, рече Тасева.

Според неа, поради корупцијата во Македонија имаме лоша и партиски контролирана економија.

Случајот "Рекет" го затекнал целото општество, рече Тасева, посочувајќи дека како ќе се заврши процесот ќе значи и каква иднина ќе имаме. 

Ги повика граѓаните масовно да пријавуваат случаи на корупција.

 

Даниел Василев