ТАЖНА ВЕСТ: Ненадејно почина познат македонски актер
Денес ненадејно почина Ѓорѓи Бисерков Дампе, македонски театарски и филмски актер и долгодишен член и соработник на Велешкиот театар.
Роден е во 1941 година во Велес. Од 1960-1964 година вработен е како челн на ансамблот на Народниот Театар „ЈХК-Џинот“во Велес. А од 1975 во истиот е ангажиран како постојан надворешен соработник.
Негови позначјани актерски остварувања на театарската сцена се Мирко во „Кула вавилонска“, Мане во „Зона Замфирова“, Љубомир во „Покојник“, Луков во „Црнила“, Теодос во „Чорбаџи Теодос“, Војводата во „Суд“, Кандилов во „Кукавичино јајце“, Жика во „Сомнително лице“, Кајгана во „Женидба“, Зганарел во „Дон Жуан“, Астров во „Вујко Вања“, Гласникот во „Антигона“, Осип во „Ревизор“, Гласникот во „Ифигенеја во Авлида“, Корифејот во „Бакхи“, Гегата во „Сердарот“, Трговецот во „Филоктет“, Полковникот во „На полковникот нема кој да му пишува“, Клопен Тројфу во „Ѕвонарот на богородичната црква“ и Гласникот во „Орест“.
Бисерков играше и во некои од најзначјаните накедонски филмови како „Среќна Нова 49-та“, „Јазол„, „Хај фај“, „Викенд на мртовци“, „Тетовирање“, „Македонска сага“ и „Големата вода“.
Погребот ќе се одржи утре на Црквата „Свети Спас“ во Велес.
Ново на Сител
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија