Тажна вест од светот на музиката: Почина познат млад рапер

Член на рап дуото „Моб Дип“, Амберт Џонсон, познат под прекарот Продиџи, почина на 42-годишна возраст во Лас Вегас.
- Со голема тага и неверување соопштуваме дека нашиот мил пријател Амберт Џонсон, на сите познат како Продиџи од легендарното њујоршко дуо Моб Дип, почина. Продиџи е пренесен во болница пред неколку дена поради компликации предизвикани од кризата на анемија на српести клетки, откако му се слоши по настап. Како што голем број негови обожаватели знаат, Продиџи од раѓање се бореше со болеста, се наведува во соопштението на „Моб Дип“ што го пренесе магазинот „Ролинг стоун“.
- Сакаме на сите да им се благодариме за почитувањето на приватноста што семејството ја сака и треба да ја има во овие моменти, се додава во соопштението.
Сепак, точната причина за смртта на Џонсон се уште не е потврдена.
Меѓу големиот број хитови на дуото ее „Quiet Storm“, „Burn“, „G.O.D.Pt.III“, „Get Away“, додека албумот „Infamous“ досега е продаден во повеќе од половина милион примероци, откако беше објавен во 1995 година.
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
