Течноста за уста значително го намалува ризикот од ширење на Ковид-19
Миењето со течност за уста значително може да го намали ризикот од зараза со новиот коронавирус, покажуваат резултатите од истражиувањето на германските научници од Рурскиот универзитет.
Истражувањето е спроведено од грпуа експерти по молекуларна медицина и вирусологија во Рурскиот универзитет во Бохум, заедно со нивните колеги од Јена, Дуисбург – Есен, Нирнберг и Бремен.
Авторите на студијата потенцираат дека миењето на устата не го убива вирусот, туку само го намалу ризикот од негово ширење.
Резултатите покажуваат дека вирусните честички на Ковид-19 се уништуваат во течноста за плакнење на устата.
Истражувачите проучувале осум видови на вода за уста со различен состав, што се достапни во аптеките во Германија. Вирусни честички биле ставени во секоја од водите, тресејќи ги 30 секунди за да се симулира ефектот на плакнење на устата. Резултатите покажаа дека сите видови на течност за миење на устата го намалуваат присуството на вирусот до степен да не може да се открие.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници