Тедрос: Вакцини за БиХ штом ги исполнат условите на Фајзер
– Претседателот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус му пиша на Претседателството на БиХ за моменталната состојба во врска со набавката на вакцини против коронавирусот.
Во писмо, во кое имало увид порталот Кликс.ба, Гебрејесус му честиташе на Претседателот на Претседателството Милорад Додик, за подготовките што БиХ ги направи за да ги исполни барањата на компанијата Фајзер и системот Ковакс.
Тој известува дека се договорил со извршниот директор на „Фајзер“ Алберт Бурла дека „Фајзер“ ќе го извести доколку има проблеми со испраќање на вакцини и дека Бурла го уверил дека „Фајзер“ ќе започне со подготовките за испорака на вакцината купена преку Ковакс во Босна и Херцеговина штом Владата потврди дека БиХ учествува во програмата за надомест на грешки во Ковакс, утврдена од СЗО.
Претседателот на СЗО во писмото вели дека верува дека ова ќе доведе до почеток на имунизација во наредните недели, а порталот Кликс потсетува дека пред три дена БиХ беше информирана дека испораката на вакцини преку Ковакс е одложена поради проблеми со исполнување условите поставени од Фајзер.
Ново на Сител
-

СП 2026: Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива
-

Руте: Земјите од НАТО на самитот ќе потпишат договори вредни десетици милијарди долари
-

ИНСТАТ: Значително намален интересот за добивање албанско државјанство во 2025 година
-

Ауди ја престави третата генерација на Q7
-

Бројот на загинатите во земјотресите во Венецуела надмина 3.500
-

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци
-

САД изразија „сериозна загриженост“ по однос кинеското тестирање балистичка ракета
-

Нова средба во Собранието за Изборниот законик
