Свет
24. February 2024 - 17:36

Телото на Навални вратено на неговата мајка

Телото на рускиот опозиционер Алексеј Навални е вратено на неговата мајка, соопшти неговата портпаролка Кира Јармуш на Х.

„Људмила Ивановна сè уште е во Салехард. Погребот се уште се чека. Не знаеме дали властите ќе се мешаат да се спроведе како што сака семејството и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом има новости“, напиша Јармуш.

Таа им се заблагодари на сите што побараа да се врати неговото тело.

Засега не е познато кога ќе се одржи погребот.