Темелковски ја презеде градоначалничката функција во Кисела Вода

Филип Темелковски денеска ја презеде функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода од Билјана Беличанец Алексиќ која раководеше со овој дел од градот во изминатите четири години.
По доделувањето на Уверението од страна на Општинската изборна комисија, Темелковски и Алексиќ имаа заедничка средба.
Во своето обраќање при подигнувањето на Уверението Темелковски ги потенцира своите приоритети кои, како што најави, ќе бидат исклучиво во интерес на граѓаните.
- Ќе работиме во интерес на сите граѓани и се надевам дека ќе имаме консензус со сите членови на Советот и заедно ќе покажеме како може да се развива Кисела Вода, истакна градоначалникот.
Општинската изборна комисија денеска им ги врачи решенијата и на новите советници на Советот на Општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
-

Силен земјотрес во Егејското Море
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
-

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
-

СП 2026: САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај
-

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам
