Македонија
27. October 2020 - 16:37

Тензична средба меѓу градоначалникот на Скопје и пожарникарите, протест пред град Скопје

Без договор и со караници-вака заврши средбата меѓу градоначалникот на град Скопје и пожарникарите. Оштетените остануваат без надоместоците за опасност при работа, пари за кои судот пресудил во нивна корист.

Главното  недорабирање е околу дотацијата коа ја добива Град Скопје за надоместоци за пожарникари и е превидена за 237 луѓе а во моментот се вработени 193 лица и вишокот пари кои не може да се поделат и префрлат на нивните трансакциски сметки.

Но тензичната средба на која со висок тон на која и двете страни се убедуваа дека се во право, не помина ниту без политички препирки.

На пожарникарите не им се допаднаа овие зборови на Шилегов, ниту неговото решение-за парите да се борат преку медијатор, додека да се донесе законот следната година во јуни.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во град Скопе побара итна расправа за правата на пожарникарите, посочувајќи дека крајно несериозен и потценувачки е односот на Шилегов и градот Скопје кон луѓето кои работат за скопјани и нивната безбедност.