Балкан
22. November 2022 - 16:29

Тензично на Косово по неуспехот во Брисел

Тензиите на Косово  високи, по вчерашното фијаско во Брисел. Под притисок на САД, косовскиот премиер Курти повторно, за 48 часа, ја одложи одлуката за казнување на возачите со српски регистарски таблички. На итен разговор со американскиот амбсадор Хил е свикан и престедателот Вучиќ. Вашингтон од двете страни бара конструктивен дијалог и отстапки, но и да се почитува бриселската спогодба. Ситуацијата на теренот будно ја следи и генералниот секретар на НАТО Столтенберг, кој порача дека Кфор е во состојба на готовност. Сепак, за разлика од порано, меѓународната заедница, но и косовската опозиција, го обвинија премиерот Курти за неконструктивност и екплозивната ситуација во која е доведено Косово. Курти пак се пожали дека преставникот на ЕУ Борел погрешно ги водел осумчасовните разговори во Брисел и се фокусирал на споредни работи како повлекување на одлуката за регистарските таблички, заборавајќи на клучното, статусот на Косово. Од друга страна, Вучиќ ја остави вратата отворена, со порака дека Белград би прифатил неутрално решение за табличките со ознака КС, наместо РКС, Република Косово на што инсистира Приштина. Сепак останува црвената линија, нема членство на Косово во ОН. Вучиќ бара конечно да се формира Заедницата на српските општини и се состана со преставиците на косовските Срби.

За утре е најавен сенароден собир во Косовска Митровица против репресивниот режим на Приштина, а ќе предводат жени.