Македонија
6. July 2020 - 15:03

Тепачка на ул. „Брсјачка буна“ во Скопје

На 06.07.2020 во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Брсјачка буна“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.А.(40), А.А.(41) и С.Х.(18), од една страна и Б.Е.(27) и Е.П.(31), од друга страна, сите од Скопје.

Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.