Loading Video...
Свет
20. February 2020 - 16:39

Тероризам во Германија – девет жртви на расна основа

Најмалку девет луѓе загинаа во синоќешното пукање во два ориентални бара во германскиот град Ханау. Властите го водат инцидентот како терористички, а напаѓачот е опишан како крајнодесничарски екстремист.

Првото пукање се случило во бар во центарот на градот околу 22 часот, а пукањето продолжило и во уште еден бар во предградието на Ханау. Цел на нападот биле гостите кои претежно се Курди.

По седумчасовна потрага, полицијата упаднала во домот на 43-годишниот напаѓач, при што го пронашла мртов, исто како и неговата 72-годишна мајка. Зад себе оставил манифест од 24 страни во кој објаснува зошто мрази муслимани.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска рече дека доказите упатуваат на тоа дека напаѓачот бил „отруен од расизам“

„Расизмот е отров. Омразата е отров. И таа омраза постои во нашето општество“, изјави Меркел.

Кацеларката рече дека Владата ќе ја искористи целата своја моќ, за да се бори против тоа што ја дели Германија.