-->
-->
Тешка сообраќајка во Куманово, млада девојка тешко повредена
-->

Ноќеска во 01,55 часот во Куманово на локалниот пат за с.Проевце, се случила сообраќајна незгода во која М.С. (1994) од Куманово управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрвен столб за пренос на електрична енергија и во оградата од куќа на ул.„Боро Соколов“.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото А.М. (1995) од с. Биљановце-Куманово, која по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Куманово е префрлена во Ургентен центар -Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од СВР- Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
